Пожарот во с. Моране, е под контрола. Се движиме кон реонот на Држилово, каде што има активен пожар и се очекува делување на армиските хеликоптери.
Имаме пожарникари на терен, вработени во државни институции и се работи да се локализираат сите пожари. Сите ангажирани лица даваат сè од себе за брзо и ефикасно гасење на пожарите, кои за дел од нив постои сомнеж дека се намерно подметнати, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој е и член на Управувачкиот комитет за управување со кризи.