Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски денеска е на средби со граѓаните на Валандово.
-Валандовчани, се прекрасни домаќини и соговорници. Заедно со кандидатот за градоначалник Перо Костадинов, носителот на советничката чиста Владимир Марков, и пратеничката Мери Лазарова, покрај разговор за секојдневните проблеми со кои се соочуваат како и нашите решенија за истите, денеска си подадовме рака дека заеднички ќе се избориме, потенцира Николовски.
Вечерва, Николовски на трибина на СДСМ во Валандово ги претстави мерките на Социјалдeмократскиот сојуз на Македонија, за Живот во Македонија за сите, како и кандидатот за градоначалник, Перо Костадинов.