Министрите во владите на Македонија и на Бугарија денеска со комбе патувале низ Струмица на заедничката седница што се одржа во овој град.
Фотографија од возењето објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а на неа се гледаат министерот Дамјан Манчевски како слика со телефонот, како и Љупчо Николовски, Горан Сугарески, и најбогатиот член на Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во возилото се и членови на Владата на Бугарија, меѓу нив и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.
Фотографијата се појавува откако деновиве на критики на јавноста се најде директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Александар Донев, бидејќи со бизнис-класа летал на службено патување во Аргентина.