(ФОТО) Министерот Николовски на “Преспански Јаболкобер 2017“ во Ресен

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со постојаниот претставник на УНДП за Македонија, Луиза Винтон, беа дел од традиционалната манифестација “Преспански Јаболкобер 2017“ што се одржува во Ресен.

Со откинување на првото јаболко и официјално започнува почетокот на годинешниот јаболкобер.

Во рамки на манифестацијата, министерот ги посети поставените штандови, на кои овоштарите од овој регион имаа изложено јаболка од сите сорти.

-На производителите им посакувам голем бериќет, висока откупна цена, и подобри временски услови, а ние како Влада, во периодот што следува ќе го подржуваме производството на јаболка, затоа што како земја имаме потенцијал за квалитетно производство. Ќе работиме на системски мерки, но и на изнаоѓање на нови пазари за извоз на македонските јаболка, потенцира Николовски.

21768453_2040382956183233_4083134402215972504_n

21766672_2040383079516554_648174289037942096_n

21766377_2040383119516550_2901181684657663417_n

21766610_2040383176183211_5469380556591176129_n

21767989_2040383466183182_7598581469217945612_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e