(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Свечен дочек за Заев на аеродромот во Сараево

Зоран Заев, претседателот на Владата на Република Македонија, пристигна во прва официјална посета на Босна и Херцеговина.

На македонскиот премиер на аеродромот во Сараево му беше организиран свечен дочек со почесен кордон. Заев беше пречекан од министерот за безбедност, Драган Мектиќ а официјалниот дел од посетата почнува утре, кога тој ќе се сретне со премиерот Денис Звиздич и членовите на Советот на министри, пишува “Дневни аваз“.

Делегација на Советот на министри ќе ја сочинуваат Мирко Шаровиќ, заменик-претседател и министер за надворешна трговија и економски односи, министерот за човекови права и бегалци, Семих Боровац, министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, министерот за цивилни прашања Адил Османовиќ и министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ .

Делегација на Владата на Република Македонија ја сочинуваат министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Крешник Бектеши за економија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за култура Роберт Алаѓозовски и министер задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Се очекува потпишување на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како и потпишување на културна соработка.

Македонската делегација, исто така, ќе се сретне со претседателот и членовите на претседателството на БиХ, и членовите на Колегиумот на Претставничкиот дом.

Премиерот Заев во попладневните часови ќе го посети Ротмиљ, каде што ќе положи венец на спомен обележјето на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски и членовите на неговата придружба. Во вечерните часови Звиздич и Заев ќе го посетат Мостар, каде што ќе присуствуваат на манифестацијата “Mostar Peace Connection” и ќе потпишат мостарски мировен договор.

h550 (6)

h550 (5)

h550 (4)

h550 (3)

h550 (2)

h550 (1)

h550

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e