Во тек е 16-тата седница на Централниот одбор на која се носат важни одлуки за идната влада предводена од СДСМ и идниот премиер Зоран Заев, информираат од СДСМ.

Принципите и програмските определби на новата влада ќе бидат реализирани од посветени, професионални и одговорни личности, соопштија вечерва од партијата.

Во новиот четиригодишен мандат, Владата предводена од СДСМ уште повеќе и уште подобро ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, порачаа од СДСМ.

