Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска е на средби со граѓаните на Крива Паланка.
– Денеска е пазарен ден во Крива Паланка. Го посетив пазарот и разговарав со земјоделците и пазарџиите. А, во прошетката низ старата чаршија, разговарав со моите сограѓани за сите актуелни теми кои ги интересираат. Поддршката за новите политики на Владата е огромна, промените доаѓаат и на локално ниво, потенцира Николовски.