(ФОТО) Димковски го објави записникот за Екрем Јаји и со порака до Трипуновски: Цветане кажете му ја вистината и престанете да ги злоупотребувате земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на фејсбук денеска го објави записникот, кој според него е доказ за манипулацијата која дополнителниот заменик министер Цветан и неговиот советник Марјан Атанасов, ја прават со земјоделците.

“Имено ова е записник во кој советникот на Цветан, констатира дека Екрем Јаји не постапил согласно укажувањето и не ја отстранил узурпацијата. Квалификувајќи го како узурпатор со овој записник му е скратено правото на обештетување. Цветане кажете му ја вистината и престанете да ги злоупотребувате земјоделците за приватни цели.” – напиша Димковски.

82617083_10158666580199897_1426173860918591488_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e