-Денеска организираме акција за чистење на просторот меѓу клиниките во кругот на Клиничкиот центар. Ова е место на кое секојдневно минуваат стотици пациенти, медицинскиот персонал кој тука работи, па и јас како министер, така што е од големо значење да организираме вакви акции за подобро уредување на просторот, информира министерот Таравари.