ЕВН Македонија во рамки на проектот 20 – 20 – 20 ја финансира првата генерација ученици во специјалната „ЕВН паралелка“, во електротехничкото училиште Михајло Пупин. Генералниот директор на ЕВН Македонија, Петер Штефан, рече дека целта на компанијата е да се поддржат младите генерации во образовниот систем, каде ќе има комбинација на теорија и пракса со цел учениците полесно да најдат работа, а истовремено и да можат да бидат вработени во ЕВН Македонија.
„Ова е нешто што и недостасуваше на Македонија и се прави учениците да имаат познавања пред вработување и ова не важи само за електро – монтери, туку и за механичари и за водоинсталатери. ЕВН го забележа ова и заедно со средното електротечничко училиште Михајло Пупин го спроведуваат проектот 20 – 20 – 20. Со овој проект, 20 ученици ќе имаат практична работа во компанијата до 2020 година, а потоа ќе се вработат и ќе примаат плата од 20 илјади денари“. – изјави Петар Штефан, ЕВН – Макекдонија