Јорадан Мијалков, син на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, Ален Зекиров, поранешен телохранител на Мијалков и Блаже Петровски, утре треба да се појават во полициската станица Кисела Вода, на покана на Обвинителството за организиран криминал, на информативен разговор, дознава „Фокус“ од извори вклучени во истрагата.
Според извори на неделникот, Мијалков, Зекиров и Петровски се повикани на распит за случувањата на крвавиот четврток, односно за упадот во Собранието што се случи на 27 април годинава.