Во новиот број на неделникот Фокус:
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
По година ипол владеење, уверен сум дека СДСМ не е способен да инсталира авторитарен режим како оној на Груевски. За ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, пак, кој се уште го велича, наместо да го осудува груевизмот, не би можел да гарантирам. Сепак, Заев ќе биде одговорен ако некогаш „злото се повтори“
ЗАРЕМ ЕДНИТЕ ДИШАТ ЧИСТ, А ДРУГИТЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ?
Не веднаш, како што ветуваа, туку после скоро 18 месеци, од Владата на Заев најавија краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за намалување на загаденоста на воздухот. Ќе следиме колку им е точна прогнозата дека „за две години се очекува да се намали за 50 отсто во Скопје и 30-50 отсто во другите градови“
МИЦКОСКИ ЌЕ ЈА ИЗГУБИ БЕЛАТА ПАЛАТА
По бегството во Унгарија, Груевски на цедило ги остави најблиските соработници, кои први ги осетија затворските решетки. Но тој на цедило ја остави и партијата, зашто ако биде осуден во случајот „Талир“, ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгуби луксузното седиште, а ќе остане и без голем дел од имотот!
ЗА ЕДНА ГОДИНА, ЕЛЕМ ПОТРОШИ 23 МИЛИОНИ ЕВРА
Постапките за јавна набавка на помошна механизација и за ископ на јаглен заглавија во ЕЛЕМ. Во меѓувреме, само годинава државната фирма потроши 23 милиони евра за ангажман на помошна механизација и за ископ на јаглен и јаловина од рудниците на РЕК Битола, кои завршија кај приватни фирми што ги добиваа тендерите во времето на Фамилијата
ИСКУСТВА ОД РЕГИОНОТ
И Словенија и Хрватска и Бугарија, кои со години се членки на ЕУ, се соочуваат со тешки економски проблеми. Точно е дека членството во ЕУ е една од најдобрите работи што може да ѝ се случи на Македонија, но тоа само по себе не значи автоматски просперитет и развој
БИЗНИСОТ СО ДИЈАЛИЗА ПОД ЛУПА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ
Кои се компаниите кои ги поврзуваат кумот на Груевски од првиот брак – Новачевски и сопственичката на болницата за дијализа Иванова, која пред еден месец „Дијамед Македонија“ ја продаде на шведски „Дијаверум“. Јавниот обвинител дошол до сознанија дека шведската компанија го купила дијализниот центар, а 11 милиони евра се префрлени на сметки во Монако
ЕМ СЕ СКАПИ, ЕМ СЕ СКАПАНИ
Знам дека ќе крадат, ама ќе ги гласам оти сакам името да си го вратиме, си мисли секој вмровски гласач. Знам дека ќе крадат, ама барем во НАТО и ЕУ ќе влеземе, си мисли секој сдсмовски гласач. Ваков глуп народ, по пошта да нарачавме, немаше да добиеме, си велат главатарите од врвот на двата блока
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Ако сакаме да си ја извлечеме земјата од мракот на изолацијата, треба да се обезбеди стабилно двотретинско мнозинство и за дефинитивно усвојување на уставните промени. Затоа, на тие што се „пишманат“, не треба да се гледа со презир, туку со почит бидејќи целата јавност виде колку лична храброст им требаше
Денко МАЛЕСКИ
Борбата против корупцијата, од земање мито до организирање бегство на политичар преку граница, е вечна битка против злоупотребата на моќта, секаде во светот. Ете го можниот одговор на прашањето, како пет земји, сите со слаби демократски системи, дозволиле да се случи пребегот на Груевски преку нивната територија
Сашо ТАСЕВСКИ
Дон Корлеоне ќе скапе во затвор! Малоумни ли сте? Уште уживате во порниќот, а? На Дон Корлеоне на две сметки му најдоа дванаесет милиони евра! Еве и една задача за четврто одделение. Чичко Дон Корлеоне на две сметки имал дванаесет милиони евра. Уште колку други сметки има тој чичко и уште колку милиони евра има на нив, ако се знае дека чичкото има многу силни другарчиња во земјата и во светот
Ана ПАНОВСКА
Никој не бара во Македонија да се слави 29 ноември како празник, но гревота е и срамота што на единствената улица „29 Ноември“ во Дебар Маало ѝ го сменија името во улица „Костурски херои“. Кои биле, што биле тие херои, што претставувале тие за нас, јас не знам. Ама ќе проучам, па ќе ви кажам!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Многу иронично звучат заложбите за покачување на платите на вработените во администрацијата, здравството, војската… Ако ним треба да им се зголемат платите за да бидат мотивирани да работат, што треба да се направи за да се зголеми мотивацијата на работниците во реалниот сектор. Да се претворат во робови!?
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Бегството во присуство на власта на осудениот криминалец, се случи во момент на длабока хибернација и разваљотка на институциите на системот надлежни за спроведување на правото. Најголема е одговорноста на нереформираното МВР, кое нема целосна контрола врз неговите припадници