Флорозон организира обука за поголемо учество на јавноста во прашањата од животната средина

Центарот за еколошка демократија Флорозон ги поканува сите заинтересирани граѓански организации кои делуваат во областа на животната средина и се залагаат за еднакво владеење на еколошкото право, како и ефективен пристап до истото подеднакво за сите граѓани, имаат можност да присуствуваат на обука на тема „Лобирање и застапување“.

Обуката се организира во Хотел Аквалина Охрид 08 до 10 месецов, а на истата предавачи ќе бидат професорите Ненад Марковиќ и Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Обуката е во рамките на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда“ имплементиран од страна на Флорозо во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA – Унгарија.

„За време на обуката присутните ќе се стекнат со познавања и вештини за поимите лобирање и застапување, за изработка на стратегија и техника на делување, како и за улогите на сите релевантни чинители во процесите на носење одлуки. Стекнатите знаења и практики ќе можат да ги применат при влијанието врз носителите на одлуки за клучни прашања во насока на заштита на животната средина.“ – велат организаторите.

– Како што наближува сезоната на загадување во државата, така и темите за здрава животна средина стануваат сè поактуелни кај властите и граѓаните. Учеството на јавноста во одлучувачките процеси, кое претставува еден од основните столбови на Архуската конвенција, е од клучно значење за заштита на здравата животна средина. Имено, правото за здрава животна средина е уставно загарантирано право за сите граѓани, во чиешто остварување се вклучени голем број чинители. Почнувајќи од надлежните инспекторати, јавните обвинители, народниот правобранител, судовите, властите, како и граѓанските организации. – соопштуваат од Флорозон.

Се очекува оваа обука да ги зајакне капацитетите на малите граѓански организации кои доаѓаат од територијата на целата држава, во областа на граѓанското учество во процесите на носење одлуки.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e