Финишираат преговорите за распределба на директорските места

Финишираат преговорите меѓу владините партнери за распределба на директорски места во институциите и во државните претпријатија, потврдија од ДУИ. Посочуваат дека решенијата се скоро искристализирани, но дека уште малку ќе се почека нивно официјализирање.

„Ние сме во преговори, нема законски рок за ова прашање, ние сме при крај на одлуките за тие ресори каде што е потребен политички договор. Нормално дека нема да навлеземе длабоко во администрацијата, сакаме администрацијата да продолжи професионално, но таму каде има одлуки за политичко позиционирање, тие ги разговараме на ниво на коалициони партнери и сме при крај. Има некои шеми кои се усогласени, но ќе ги објавиме во моментот на финализирање на документот.“ – изјави Бујар Османи, ДУИ

Од СДСМ ја потврдија информацијата која ја даде ДУИ, а напоменаа дека од особена важност е сите да имаат рамноправна можност да аплицираат за работа во јавната администрација и за членувања во управните одбори. Најавија дека граѓаните нема од свој џеб да издвојуваат како би се стекнале со потребните сертификати за познавање на англискиот јазик.

„Тие разговори се во тек и ќе траат нормално, тоа не е нешто што тука завршува, туку е дел од нормални меѓукоалициски договори. Она што исто така го земаме во предвид се законските одредби за поставување на одредени раководни лица на одредени позиции, во различни институции на различен начин. Сакаме да предложиме и дел од пратениците ќе предложат измени во Законот за административни службеници со кој нема на свој товар да го презема трошокот за проверка на знаењата од странски јазик, психолошкиот тест итн.“ – изјави Дамјан Манчевски

Партнерите потенцираа дека при сите процеси строго ќе се почитуваат законските одредби.

Извор: Алсат М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e