ФИНАНСИСКИ ДОДАТОК ОД ВЛАДАТА – Пензионерите со ниски пензии неколку месеци ќе добиваат плус пари

Владата е во крајна фаза на изработка на антикризни мерки што ќе ги опфатат пензионерите, кои ќе добијат дополнителна помош. Како што најави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во утринското гостување во емисијата „Слободен печат“ има неколку категории на пензионери, во зависност од пензијата, на кои ќе им се исплаќа дополнителен финансиски додаток до април.

-Има неколку категории до 14.000, до 16.000 и до 19.000 – што е просечна пензија. И овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток, како што преговараше работната група. Нема да биде ист додатокот за сите категории, тој ќе биде соодветен на пензиите – најави Битиќи.

Во емисијата „Слободен печат“, тој соопшти дека се прават и финалните калкулации околу висината на додатокот, но сè уште не може да ја соопшти точната бројка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e