Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека е потврден позитивен на Ковид-19 вирусот вработен во лабораторијата на Универзитетската клиника за детски болести.
„Случајот е изолиран, епидемиолозите направија анализа, на 4 од 18-те вработени им е препорачана изолација. За време на извршувањето на работните задачи, користена е целосна заштитна опрема, според протоколот“, рече Филипче.
Според него, лаборантот немал контакти со пациенти, односно дека во лабораторијата се работи со целосна заштитна опрема.