Филипче: Заев и Мицкоски во изолација по интервју со тв-новинар кој е позитивен на Ковид-19

Тв новинар е позитивен на тестот за корона вирус, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој е во стабилна состојба и се наоѓа во болницата „8 септември“, рече Филипче, кој информираше дека новинарот правел интервјуа со повеќе

„Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација. По информацијата која ја доби министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот, кој новинар во текот на минатата недела имаше тв интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Христијан Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот, во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со оглед на тоа што тој синоќа веќе беше заминат за Струмица ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивањето на информациите е ставен во домашна изолација“, рече минситерот за здравство Венко Филипче во вонредното обраќање до јавноста утрово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e