Филипче: За време на велигденските празници ќе се препорача полициски час од 24 часа

Според Филипче, заострените мерки и воведувањето на полициски час, веќе даваат резулати и се подготвуваат и за пикот на епидемијата на крајот на април, но и за враќањето на животот во нормала. Тој кажа дека за време на Велигденските празници ќе се препорача полициски час од 24 часа.

„Знам дека е сега убаво времето и сите сме навикнати да сме надвор, но сакам да упатам порака дека нема да може така лесно да се врати целиот процес и животот со истиот интензитет, имајќи го предвид искуството на другите земји, секогаш постои ризика за втор пик. Од следната недела ќе комуницираме со стопанските комори, и од наша страна ќе им се даде јасна насока како треба да се организираат работниците за да се вратат на работа за кога ќе се донесе таква одлука“, рече министерот за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e