Филипче: За две години, процентот на починати предвремено родени деца e намален за над 50%

„За помалку од 2 години процентот на починати предвремено родени бебиња го намаливме за 50%. Тоа е доказ дека политиките на СДСМ во здравството се реални и се темелат на добри анализи и даваат одлични резултати“, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Во 2016 година промилот на предвремено родените бебиња коишто починале во раниот неонатален период бил 7,5 промили, во доенечкиот период 12 промили и во перинаталниот период 14 промили, сите овие се далеку над европскиот просек.

Тоа е доказ дека политиките коишто ги водеше ВМРО-ДПМНЕ во здравството беше нереална и инвестиции во непотребни работи, и во светот на неонаталогијата ќе остане запаметена како две бебиња во еден инкубатор“, посочува Филипче.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e