Филипче: За да ги заштитам моите најблиски решив да го поминам Велигден сам, изолиран од семејството

„Дозволете да упатам и една порака до граѓаните. Оваа година го прославуваме Велигден на еден навистина поинаков начин. И јас за да ги заштитам моите најблиски овој празник решив да го поминам сам, изолиран од семејството заради тоа што секој од нас носи огромна одговорност и затоа мораме да сме сите свесни. Празничните собирања оваа година треба да изостанат, тоа е инвестиција во најважното, во здравјето, тоа е единствениот начин со кој можеме сите како поединци да дадеме свој придонес во борбата со вирусот кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот. Да се биде дома значи да се направи разлика и да се спаси човечки живот, да се помогне на здравствените работници кој празникот ќе го поминат на своите работни места во грижа за пациентите и борба за секој живот. Сакам да упатам и голема благодарност и до сите други кои празникот го минуваат во служба кон граѓаните и секако благодарност до граѓаните кои седат во своите домови“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција од неговиот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e