Не е висока стапката на смртност кај нас кога се споредува со земјите во регионот. Ние сме земја со пониска стапка на смртност и од Грција и од Словенија. Начинот на кој ние ги калкулираме починатите пациенти, не го прави ниту една земја, а тоа е во бројката да ги калкулираме и бројката на брисеви кои сме ги земале постмортум, односно доколку некој бил суспектен, тестираме и тие лица ги внесуваме со статистиката, , рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Тв Телма.
Голем дел од вкупната бројка на починати се вакви случаи, а тоа не го прават другите земји, истакна министерот за здравство.
Филипче нагласи дека будно се следи епидемиолошката состојба.
Мислам дека сме во стабилна фаза на епидемијата. Во прилог на тоа се новодите дека новозаразените се од познати контакти, односно огромен процент е од познати кластери. Епидемијата е под контрола, имаме спремност на лекарите да одговорат, имаме слободни кревети и респиратори, истакна министерот за здравство.
Мора да се научиме да живееме во вирусот, се додека не се откие вакцината, порача Филипче со цел функционирање во новата нормалност.