Филипче: Во моментов 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани

Човештвото во минатото ги победило сите пандемии благодарение на масовна вакцинација, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

„Во редовниот вакцинален календар даваме повеќе вакцини за деца и возрасни со кои се искоренети низа болести. Тие сите се даваат во редовниот термин и план за вакцинација. Вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по задравјето на граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни во однос на ова. Одложувањето на вакцинацијата против Ковид 19 е само одложување на проблемот. Вакцините се тие со кои ќе ја победиме пандемијата, не прележувањето на вирусот. Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунинтет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани. Тоа ќе значи нов притисок врз здравствениот систем, бидејќи во моментов 90% од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани“, посочи Филипче.

Филипче нагласи дека предложените мерки се ефикасни во однос на двете цели кои ги поставивме, брза вакцинација и спречување на ширење на вирусот.

„Барам поддршка да се избориме заедно за што поголема имунизација“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e