Мерките кои ги превземавме беа базирани на медицинската наука. За пандемијата никој во светот не се спремал ниту знаел како да реагираат здравствените работници. Имплементацијата на рестриктивните мерки практично беше заснована на неколку принципи, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Тв Телма.
Тој рече дека рестриктивните мерки не може да трааат вечно.
Попуштањето на мерките оди како пакет на мерки, но и покрај намалување на рестикциите на движењето луѓето мора да се свесни дека само со носење на медицински маски и одржување на физичка дистанца може да се застане на патот на вирусот.
Филипче нагласи дека будно се следи епидемиолошката состојба.
Мислам дека сме во стабилна фаза на епидемијата. Во прилог на тоа се новодите дека новозаразените се од познати контакти, односно огромен процент е од познати кластери. Епидемијата е под контрола, имаме спремност на лекарите да одговорат, имаме слободни кревети и респиратори, истакна министерот за здравство.
Мора да се научиме да живееме во вирусот, се додека не се откие вакцината, порача Филипче со цел функционирање во новата нормалност.