„Сите варијанти, сите опции се отворени. Но, токму тоа сакам да го објаснам. Има многу карактеристики секој регион во рамките на еден град и во рамките на мерките коишто треба да се спроведат, во производствените капацитети, на пример, не се исти во Куманово и во Дебар, понатаму во маркетите, банките, гужвата којашто се ствара согласно густината, бројката на население, не е исто… така да, овие мерки коишто се сега на сила, со ограничување на движењето, со разделување на ризичните групи, со прекинувањето на градскиот, но и меѓуградскиот превоз со сите други градови. Верувам дека сега во овој момент станува збор за дијагностицирање на случаи коишто веќе биле во комуникација како примарни контакти со изворите на заразата и затоа продолжуваме да ја следиме ситуацијата во периодот којшто е пред нас“ рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во „360 степени“.
Согласно бројките, густината на население и сл. овие мерки кои сега се во сила се сема доволни, ссмта Филипче.
Тој рече дека во Дебар и Центар Жупа најверојатно наскоро ќе биде симната мерката за целосен карантин согласно сосотојбата со новодијагностицираните.
„Да. Во насока на тоа дека секојдневно ја следиме ситуацијата, согласно тоа како ќе се одвива и заздравувањето на заболените, односно дефинирањето дали се тие негативизирани, што е веќе постапка којашто почна. Првите брисеви на тие коишто се во добра здравствена состојба а беа на домашно лекување, се земени, се чекаат резултати. Согласно тоа и согласно новодијагностицираните случаи ќе се донесе соодветна одлука“,
-Имплементираме мерки по примерот на здравствени системи од голем број земји за кои заедничка мерка е социјалната дистанца. Долгорочно ќе биде потребно да се игра на варијантата топло-ладно. Согласно динамиката вакцината ќе биде 2021. година. – појасни Филипче.