гасови на Клиниката за уво, нос и грло и на Клиниката за очни болести, кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти, рече министерот Филипче.
Тој побара од директорите на хируршките клиники и директорот на Клиниката за кардиологија да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациети доколку за тоа има потреба во престојниот период.
– Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио, рече министерот Филипче на состанокот.
Освен за просторните можности, се разгледуваше и распоредот за ротација на лекари и на друг медицински персонал во ковид центрите, каде за тоа има потреба, секако притоа водејќи сметка да не се запре со редовната работа на хируршките клиники.
– Состојбата е сериозна и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции, истакна министерот на состанокот.
Во наредните неколку дена се очекува да се разгледаат предлозите за отварање на дополнителни капацитети на сите клиники, стои во соопштениетo.