Во ниту еден момент не сме ни помислиле дека треба да се манипулира со бројот на заразените со Ковид 19. Од почетокот на пандемијата имавме отворен пристап кон јавноста, изјави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Само Вистина“ на Канал5 ТВ.
–На глобално ниво укажано беше дека инфекцијата дека ќе спласне но тоа не се случи.Трендовите кај нас се добри, кај нас се намалува вкуниот број на позитивни случаии во однос со направениот број на тестови, болниците се полупразни, ова намалување се должи на тоа што луѓето се почесто се надвор, но и нашиот пристап кон пошироко тестирање, изјави Филипче.