Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција кажа дека оставка во моментов нема да поднесе, и дека ќе чека да заврши истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово во која загинаа 14 лица. Тој се извини за доцнењето со конференцијата, која се одржа 20 часа по несреќата, но нагласи дека сакале да ја соберат целокупната документација, како и сите информации
-На многу медиуми и поединци имаше повик за моја оставка. Дозволете да кажам дека од одговорност не бегам, ниту бегам, но ќе чекам да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџериње на дел од кризата, посбено околу пациентите во Тетово, и дека апсолутно после завшрувањето на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина е тешко да се опише со зборови болката која ја чувствувам, сочувствувам со семејствата на сите загинати, изјави Филипче.
Тој истакна дека сите капацитети се целосно мобилизирани и во момнетот се уште трае истрагата за пожарот. На владината седница е донесена одлука да се придружат и експерит од странство за независна и темелна истрага и сите наоди јавно ќе бидат презентирани.
Во ковид центарот имало 26 пациенти, медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири и медицински сестри. Нема повредени и починати медицински работници.
„Починатите се на возраст од 29 до 79 години и ќе се прават анализаи на днк за утврдување на идентитетот, рече Филипче.
Во однос на модуларните болници, Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали по предавање на објектот за користење, тој бил одржуван. Квалитетот на модуларните болници имал сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со А тест и под надзвор на акредитирана компанија. По завршување на сите постапки, модуларниот центар се предава на болницата за користење и одржување.