Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
„Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19“, истакна Филипче.