Во рамки на Меѓународната недела на сестринството денеска се одбележува Денот на медицинските сестри. По тој повод министерот за здравство Венко Филипче упати честитки и зборови на благодарност за пожртвуваната работа на медицинските сестри во земјава.
-Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот! – порача Филипче.
По повод одбележувањето на Денот на медицинските сестри денеска ќе се одржи свечена онлајн академија.