Филипче: Ова е најлошиот Извештај по оној од 2015 година

Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила од Европската Комисија, полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава, порача лидерот на СДСМ и пратеник во Собранието, Венко Филипче на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Филипче обвини дека власта наместо да се фокусира на европската агенда таа се обидува да врши невиден притисок врз независните институции, особено врз судската власт.

„Владата се обидува да ги покрие лошите трендови, да врши влијание на сите независни институции кои што се надвор од извршната власт. Најмногу, најсилно, најексплицитно, на судската власт, јавен и јасен притисок што за прв пат предизвика од 1991 година јасна реакција од судската фела. Преседан, би рекол, општествен не само во државата“ вели Филипче.

Уназадувањето кон ЕУ, додаде Филипче не е само на хартија, туку тоа на своја кожа го чувствуваат како граѓаните, така и бизнис секторот.

„И за жал во многу области во кои што порано бележавме успеси, сега има, и тоа се дефинира или како ограничен напредок, или нема напредок, или дури на надување. Ама тоа не е нешто што само стои на хартија, тоа е нешто што граѓаните, посебно бизнис секторот го чувствуваат, секој ден се повеќе и повеќе. И ако до минатата година имаше само еден услов за почеток на преговорите, а тоа е решавање на билатералниот спор со еден од соседите, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови да се отпочнат преговорите. Нема напредок во клучните области. Имено и денес да се случат уставните измени, ние утре нема да можеме да го отвориме првиот кластер за преговори поради тоа што не сме спремни. Имено, не се донесени патоказот за владеење на правото со акцискиот план за малцинство, како додаток, понатаму патоказот за реформи во јавната администрација и патоказот за функционирање на демократските институции.“ порача Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e