Филипче од Клиниката за детски болести: Адријан ќе ја добие битката со болеста бидејќи е храбар и полн живот

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска го посетил Адријан, момче кое се лекува на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Изрази надеж дека ќе ја добие битката со болеста.

„Ова ведро и насмеано момче се вика Адријан и денеска наполни 11 години. Кога влегов во собата веднаш ме плени неговата насмевка, позитивна енергија и ведар дух. Мајка му на Адријан ме покани да го запознаам овој борец кој за жал, лежи на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Јас силно верувам дека Адријан ќе ја добие битката со опаката болест бидејќи е храбар и полн живот. Ти држиме среќа за што побрзо да им се вратиш на игрите со другарчињата!“, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e