„Средба со криминалци нема да има“ – вака лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја започна својата прес-конференција и го кажа својот став за најавената лидерска средба која треба да ја свика премиерот Христијан Мицкоски. Една од темите на лидерската средба предвидено е да биде и евентуално укинување на Техничката влада, која стана пракса пред одржување на парламентарните избори во земјава.
Филипче смета дека „премиерот е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување за предвремени избори“. Тој го повтори ставот на СДСМ дека Мицкоски „планира предвремени парламентарни избори, па пари за мигранти“. Според Филипче, Владата брза бидејќи нема пари во Буџетот.
-Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си распишат сами избори кога веќе се имаат испланирано. Техничката Влада мора да остане затоа што власта узурпираше се – полицијата, службите за социјални работи, носење нови закони во правосудството…, кажа претседателот на СДСМ.
