Министерот за здравство Венко Филипче, по посетата на Ургентен центар, истакна дека новогодишната ноќ минала мирно, со десетина приеми на Ургентен и десетина на Токсикологија.
„Да искористам уште еднаш прилика да ја честитам Новата година на сите граѓани. После посетата на Гинекологија и после посетата на првото новородено, две во една минута по полноќ машки деца, а после неколку минути се роди и женско дете, бев во посета и на Ургентниот центар.
Мирна ноќ за дежурните екипи, споредено со претходните години. Десетина прегледи и приеми во Ургентниот центар, и десетина на Клиниката за токсикологија. Навистина се почитувале мерките, да нема прослави да нема групирање, и тоа е заслуга на граѓаните.
Во Ковид центрите во континуитет веќе повеќе една недела, идентичен број на слободни кревети. Вчера имало само три приеми. И овој тренд на прилично еднаков прием и број на исписи во ковид центрите продолжува, и тоа знак за една стабилна епидемиолошка ситуација“, рече Филипче.