Филипче: До крајот на неделата целосно ќе биде во функција мобилната болница до Инфективната клиника

Во врска со мобилната болница до Инфективната клиника, министерот информираше дека таа е при крај, во тек е поставувањето кревети, завршен е доводот со воздух, греењето и ладењето и во текот на утрешниот ден практично ќе биде во функција, а целосно се очекува да биде готова до крајот на неделата. Инаку, се уште има слободен капацитет на Клиниката за инфективни болести, имајќи предвид дека исполнетоста е 50 проценти и во тек е надополнувањето со кадри од Клиниката за анестезиологија, медицински сестри од другите клиники, согласно планот за ротација и поддршка на персоналот кој работи на Инфективната клиника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e