Филипче: Коронавирус кај вработена во домот за геријатрија во Ѓорче Петров, ќе ги тестираме сите во домовите за стари лица

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција од неговиот дом кажа информација во врска со домот за геријатрија во Ѓорче Петров.

„Тука има дијагностицирано вработена којашто е хигиеничарка и после укажувањето дека има симптоми и зголемена телесна температура, направена и е проценка на клиничката слика, направен е тест и нејзиниот тест е позитивен. Направена е епидемиолошка анкета во однос на контактите коишто ги имала со вработените. На дел од колегите и колешките веќе им е препорачана самоизолација, но имајќи во предвид дека домовите за стари лица се едни од местата кадешто навистина треба да се пристапи со исклучително висока доза на внимателност, особено заради тоа што тие стари лица се многу често и неподвижни и со хронични болести, веројатно од следната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на сите коишто се сместени во домовите за стари лица, со цел да се направи една подобра проценка на нивната здравствена состојба“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e