Ова се моите колеги од првата борбена линија со Ковид-19.
Чувајте се, грижете се за себе и почитувајте ги протоколите – тие се гаранција за вашата безбедност во условите во кои сега работите. Бидете си поддршка едни на други, мотивирајте се меѓусебно и помагајте си во секој момент.
Нашата работа е хумана, а вие сега тоа најдобро го покажувате, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од колегите доктори.