Министерот за здравство Венко Филипче информираше за двата нови смртни случаи од коронавирусот Ковид-19.
„Вчера во текот на денот, односно доцна вечерта после полноќ, маж на возраст од 45 години преку одделението за инфективни болести Куманово, понатаму во болницата „8 Септември“, каде е иницијално третиран, има влошување на состојбата доцна вечерта, префрлен на Инфективната клиника, кадешто, за жал, реанимацијата после кардиопулмоналното откажување не успеала. Епидемиолошки се поврзува за член од семејството кој бил на патување во Франција пред 2 недели. Пациентот е со бројни минати болести и шеќерна болест, болест на срцето, фебрилација, хипертензија и обезност. Другиот пациент е од Инфективната клиника каде се лекува од 27 март, има 78 години, исто така претходни болести, како хронична опструктивна болест и хипертензија и терапија за овие 2 претходни состојби“, изјави Филипче.