Филипче: Денес пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција

Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e