Филипче: Целосно ги реновиравме хируршките сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, се пуштија во употреба кон крајот на 2018 година. Направена е комплетна реконструкција на операциските сали по сите светски стандарди. Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема, соопшти Министерството за здравство.
Filipche1– Условите за третман на пациентите во оваа установа се одлични. Пациентите сега имаат врвна медицинска услуга. Го подигнавме здравствениот систем на едно повисоко ниво. Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи, а во моментов се подобруваат условите и во други клиники и болници. Пациентите и вработените во јавното здравство конечно ги ставивме на прво место. Продолжуваме преку инфраструктурно инвестирање да им ја олеснуваме работата на сите здравствени работници, а пациентите да бидат задоволни од здравствениот третман, изјави министерот Филипче.
FilipcheЦелото реновирање чинеше над 30 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1,5 милиони денари од донации, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e