Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5 нагласи дека на секој којшто отишол во болница или во некоја од институциите му било направено тест.
„Точно е дека во одреден момент се чекало нешто повеќе, но никој не вратил пациент од тест, од преглед и никој не е бил преупатен во друга устанува.
Брзите тестови значајно ќе ја сменат сликата. Тие ќе дадат резултат за 15 минути и ќе бидат на располагање насекаде.
Се организираат и лабораториите во рамките на болниците, така да значајно ќе се олесни пристапот“, посочи Филипче.