Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
„До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.
Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество.
Заедно ќе надминеме!“, истакна Филипче.