Филипче: Битката со вирусот е добиена, но борбата се уште трае и ќе трае

„Денеска се навршуваат точно 3 месеци откако се дијагностицира првата пациентка со коронавирусот во нашата земја и од тогаш почнавме интензивно да работиме и да се бориме со вирусот“, изјави на вечерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дека битката со вирусот е добиена, но борбата се уште трае и ќе трае.

„Голем дел од граѓаните се придружуваа на мерките, но има и такви кои не го правеа тоа, дури има и такви кои не веруваа дека тој воопшто постои“, истакна Филипче и додаде дека тоа не е така дека вирусот е тука и ќе мораме да се научиме да се заштитиме од него.

„Вирусот е тука, ќе биде тука, така што огромен дел во борбата со него како и досега паѓа на граѓаните, а тоа значи често миење на рацете, социјална дистанца и носење заштитни маски. Само со почитување на превентивните мерки ќе ставиме крај на вирусот“, потенцираше Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e