Македонскиот репрезентативец, Филип Лазаров, кој сега настапува за германскиот ракометен клуб Ратинген е позитивен на ковид-19, јавуваат медиумите од Германија, пренесува 360 степени.
Според информациите, Филип се заразил за време на авионскиот лет од Скопје кон Германија. Лазаров не заминал на подготовки со екипата и направил тест, кој се покажал како позитивен.
Ракометарот на Ратинген во моментов се наоѓа во самоизолација и не покажува никакви симптоми. Тестирани се и останатите ракоментари на германскиот клуб, но тие добиле негативни резултати.