Кој удира шлаканица на македонската дипломатија . Расправа која на социјалната мрежа Ф.Б ги скара пратеникот Илија Димовски и неговиот бугарски колега од Европскиот парламент Андреј Ковачев.
Откако Димовски на својот ФБ профил напиша статус со 4 клучни точки кои според него се погрешни чекори на новата влада , неговиот колега од ЕНП ГЕРБ кој имаше и свој удел во договорот за добрососедство со Бугарја експресно му врати со коментар.
На статусот под наслов Изгибена демократија Димовски пишува:
1. Договорот со Бугарија на среден рок ќе ни создаде големи проблеми и непријателства.
2. Односите со Србија веќе се на екстремно лошо ниво.
3. Довербата помеѓу Македонија и Албанија после прифаќањето на т.н. Тиранска платформа е на најниско ниво.
4. Шамарите што Коѕијас секој месец ги удира на нашата дипломатија се веќе трагични и болни.
За кратко време под овој статус се појави и коментарот на европратеникот Ковачев кој го обвини Димовски дека проблемите кои ги има Македонија се резултат на претходната влада во која учествуваше и Димовски. Ковачев постирајки линк со историска содржина меѓу другото му порача на Димовски:
„Почитуван г-дин Димовски дали би ги навеле големите проблеми и непријателства кои произлегле од договорот со Бугарија или би можеле да произлезат. Од кога ВМРО ДПМНЕ се интересира само за односите со Србија и дали не сте вие тие кои ги создадовте проблемите? Меѓу другото читајте го почитуван г-дин Димовски , Христо Матов кој и вие го славите како херој, и кога јас бев во Скопје ме поканивте во салата која го носи токму името на Христо Матов.“
Набргу потоа размената на мислења осамна и на Ф.Б профилот на Ковачев. Бугарскиот европратеник имаше свој удел и во договорот за добрососедство со Бугарија но и во своите изјави неколку пати потенцираше дека интеграцијата на Западен балкан вклучително и на Македонија сака да биде високо на агендата на Бугарија за време на нејзиното претседавање со ЕУ кое почнува од 1 јануари 2018 та година.
Извор: 24ТВ