Фатен со мито од 50.000 евра? Уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Актуелен директор на државна институција вчеравечер е уапсен под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.

Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој е на оваа функција од јули 2024 година.

Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.

Од извори вклучени во акцијата, неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за сузбивање на корупцијата, кои акции, ќе продолжат и идниот период.

Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството денеска во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e