Забраната за увоз на животни, семе и ембриони поради болеста син јазик, директно ќе удри по џебот на сточарите – стравуваат тие. Од денеска увоз од Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина нема. Според фаремрите кои ги консултираше 24 Вести, при појава на овие болести, подобро решение би била забраната по региони отколку меѓународните забрани.
Фармерите велат дека превентивната вакцинација е најдобра заштита од појавата на овие болести. Според Лазаревски, дури и појавата на јазлеста кожа во Македонија можела да биде избегната. Пред две години, кога болеста јазлеста кожа земала замав во соседните земји, Македонија била предупредена од меѓународната заедница, но тогаш не била извршена превентивна вакцинација што резултираше со појава на болеста во нашата земја и околу 18.000 мртви животни. – објави 24 Вести.
24 Вести контактираше и сточар од Кочани кои има угинати животни од јазлеста кожа. Тој се уште не добил отштета за нив и вели дека поради големите штети кои ги претрпел, ќе се отлаже од сточарството.
Сточарите стравуваат за иднината на својот производ, со оглед на фактот дека токму ова време се развиваат болестите син јазик и јазлеста кожа, а како главен проблем го посочуваат отсуството на национална стратегија. Според АХВ, моментално состојбата е под контрола, а забараната за увоз е стандардна мерка за превенција.
Извор: 24 Вести.