Фалкони: С. Македонија и Албанија не добија негативен одговор за почеток на преговори

„Франција му предложила на Советот на Европската унија да ја разгледа идејата за модернизирање на процесот на проширување, што ќе им овозможи на земјите-кандидатки во одредени области каде ги исполниле критериумите, побргу да започнат да ги користат нејзините придобивки, наместо да чекаат да заврши процесот“, изјави новиот француски амбасадор во Србија, Жан Луј Фалкони, во интервјуто за белградската агенцијата „ФоНет“.

Тој смета дека на Северна Македонија и на Албанија не им било кажано „не“ во Брисел и не добиле негативен одговор кога станува збор за почеток на преговорите.“

„Во Брисел, за Скопје и во Тирана им беше кажано „да, но“ и „да ако“, објасни Фалкони, најавувајќи дека почетокот на преговорите ќе уследи веднаш штом тие земји ќе ги завршија потребните реформи, особено во областа на човековите права и борбата против криминалот, што е услов за сите земји што се стремат кон членство во ЕУ.

На прашањето дали притоа се прекршени ветувањата и дали ова им го отвора патот на другите лидери во регионот да не го исполнат она што се очекува од нивните земји, Фалкони одговори: „Ние секогаш им кажуваме на кандидатите многу јасно што треба да сторат. Проширувањето не е емотивен процес, туку процес што има политички последици и ја зема предвид состојбата на државата, состојбата на општеството, земјата како целина и нејзината економија, за што се потребни ефективни реформи”.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e