ФАКТОР: Просечната годишна сметка за парно поевтинила за 10.000 денари

Просечната годишна сметка што ја испорачувал БЕГ АД Скопје за еден стан во 2018-та била 19,6 илјади денари, објави Регулаторната комисија за енергетика. Фактурата за парно-греење во однос на една година претходно во просек е помала за 3,1 отсто, а споредено со 2016 е поевтина за 5,76 проценти, според моделот на пресметување на РКЕ. Иако во однос на претходните години не е многу помала, сумата е за една третина поевтина кога ќе се погледне и таа 2012-та, кога била 30.000 денари на годишно ниво, по што започнува нејзиното намалување во контннуитет, пишува порталот Фактор.

Од 2012 до 2018 година за потрошувачите на БЕГ, надоместокот за топлинска енергија е намален за вкупно 33,45 отсто во становите. Во истиот период кај училиштата сметките се намалени за 66,72 проценти, додека за категоријата останати е 53,41%. Според РКЕ; на долг рок фактурите за топлинска енергија бележат постојано намалување а тоа придонесува за зголемување на бројот на приклучени стамбени единици и се овозможува стабилна и безбедна работа на овој систем.

Повеќе на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e