“Оваа недела, заборавајќи ги предизборните ветувања и заради безидејноста во политиките, Владата продолжи со копирање на мерките и политиките што ги воведовме притоа претставувајќи ги како нивни и нови.

Сега, на крај на 2024 год. помпезно слушавме фалби дека решен бил проблемот на оризопроизводителите. Решението било да се исплатат истите субвенции од 18.000 денари и плус 6.000 денари за извоз што е помалку од поддршката што сме ја достигнале пред неколку години.

Меѓутоа, тогашната опозиција ветуваше уште поголема поддршка односно зголемување на субвенцијата од 100 на 160 ден/кг. како и откупна цена од 600 денари/кг тутун. Денес го заборавија и едното и другото ветување.
Наместо тоа, го слушнавме министерот како вели дека субвенцијата ќе се намали од 100 на 80 денари по што логично, како пратеничка група на СДСМ, веднаш побаравме и поднесовме законско решение за да стекнатата поддршка не се намалува и биде линеарно 100 денари за секој кг/тутун.
Сега, на крај на 2024 год. како растеше притисокот и незадоволството, помпезно слушавме фалби деќа решен бил проблемот и на тутунопроизводителите. Решението било во нашиот предлог да остане поддршката на 100 денари и да го нема зголемувањето на 160 денари а откупната цена наместо 600 да биде 400 денари.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство