Европскиот парламент со голема поддршка за започнување на преговори со Северна Македонија

Северна Македонија вечерва доби поддршка од најголемите политички групации во Европскиот парламент за почеток на преговорите со ЕУ. Повеќе пратеници остро го критикуваа ветото на Франција на самитот на ЕУ минатата недела и побараа итна промена на одлуката, пренесе ДВ.

Финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, рече дека е длабоко разочарана што минатата недела не беше постигната согласност во Европскиот совет.

„Ова е назадување за улогата на ЕУ на Западниот Балкан и за проширувањето како стратешка инвестиција во мирот и стабилноста“, рече Тупураинен. Таа потенцираше дека сега се потребни повеќе напори, но „нема да запреме“.

„Подготвени сме повторно да се вратиме на прашањето. Многу е важно двете земји да продолжат со реформи, затоа што истото ги очекуваат и граѓаните“, рече финската министерка.

Таа, како и повеќе други говорници, во повеќе наврати го споменаа Преспанскиот договор како историско постигнување и изразија признание на владата во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e